August 14, 2022 21:40
Свет

Умерен земјотрес регистриран во Јапонија

Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на јапонскиот полуостров Ното, во префектурата Ишикава.

Епицентарот бил на длабочина од 20 километри во близина на местото Сузу.

По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами.

Сè уште нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.