December 1, 2021 14:04
Спорт

Ули Хенес: Барселона да беше во Германија ќе беше банкротирана !

Почесниот претседател на повеќекратниот германски фудбалски првак Баерн Минхен, Ули Хенес ги сподели своите ставови за финансиската состојба во која се најде шпанскиот гигант Барселона.

– Барселона е практично уништена! Ако случајот беше во Германија, тогаш веќе ќе беше банкротиран и соодветниот суд ќе се занимаваше со тоа. Барселона повеќе не е пример за нас. Давид Алаба еднаш ми рече: „Сè уште сонувам да играм за Барселона”.
Јас му одговорив: „Со кого сакаш да преговараш? Со претседателот или со стечајниот управник?”
И јас се залагам за одење до крај, меѓутоа во моментот кога сето ова повеќе не е можно да се рефинансира, треба да кажете НЕ, изјави Хенес.

Барселона која се соочува со тешка финансиска криза, има проблеми и со спонзорите кои почнаа да ги прекинуваат договорите.