August 19, 2019 09:42
Скопје

Улица во Скопје ќе го носи името на градот Подгорица

Во рамки на повеќедневната посета на збратимениот град Подгорица, Шилегов оствари билатерална средба со градоначалникот Иван Вуковиќ. На средбата присуствуваше и Викторија Аврамовска-Мадиќ, Сектретар на Град Скопје, како и членовите на Советот на Град Скопје Соња Глинџарска, Лука Кржалоски и Ибуш Јусуфи.

На средбата градоначалниците дискутираа за досегашната соработка меѓу двата збратимени града, како и областите каде што може да се продлабочи истата. Градот Скопје и Градот Подгорица се збратимени од 2008 година и двата града соработуваат и разменуваат позитивни искуства, особено за прашања од комуналната сфера и градските проблеми. Градоначалниците како области во кои може да се интензивира соработката ги издвоија спортот, образованието, културата и туризмот.

Градоначалникот Шилегов на средбата најави дека во наредниот период Град Скопје ќе донесе одлука со која една од градските улици ќе го носи името Подгоричка. Минатата година градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ, го посети Скопје и присуствуваше на манифестацијата за одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје.

 

 

Нови вести

Променет сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“

Daniela

Скопјани уште денеска можат да предлагаат нови имиња на улици

Igor

Градоначалникот Темелковски се вклучи во гаснење на пожарот во Пинтија

Igor