February 3, 2023 14:59
Свет

Украинa бара исклучување на Русија од ОН

Украинскиот Парламент денеска усвои нацрт-резолуција со која бара признавање на Руската Федерација како „држава спонзор на тероризмот” и бараат нејзино исклучување од Обединетите нации, се наведува на веб-страницата на украинскиот парламент.

Како иницијатор се наведуваат претседателот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук и голем број други парламентарци.

„Во нацрт-резолуцијата на Врховната Рада на Украина се наведува дека рускиот режим се нарекува терористички. Исто така, се поставува прашањето за легитимноста на Руската Федерација да остане во ОН и се бара одговорност од членовите на руските политички партии што поддржуваат агресија”, се наведува во документот.