September 26, 2022 01:22
Свет

Украинците што ќе излезат на референдум за приклучување кон Русија ќе завршат зад решетки

Украинските граѓани би можеле да се соочат со долги затворски казни доколку учествуваат на јавните референдуми за приклучување кон Русија, што ќе се одржат во републиките во Донбас и во украинските региони под руска контрола, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук за локалните медиуми.

Во изјава за украинскиот весник Страна, Верешчук, којa е задолжен и за „реинтеграцијата на привремено окупираните територии“, го повика локалното население да не учествува на референдумите.

Таа предупреди дека оние кои ќе го организираат гласањето ќе се соочат со „затворска казна од пет до десет години“ и дека може да добијат забрана за вработување на одредени позиции или вршење одредени активности до 15 години.

Според неа, може да им биде одземен и имотот. Верешчук навести дека дури и обичните Украинци може да бидат казнети за излегување на избирачките места.

„Ова може да значи и затворска казна до пет години. Затоа, уште еднаш силно ги советувам жителите на привремено окупираните територии: не земајте руски пасош, не излегувајте на референдуми, не соработувајте со окупаторите“, изјави таа.

Минатата недела, украинската влада предложи закон со кој на нејзините граѓани ќе им се изрече казна затвор до 15 години за добивање на руски пасош.

Во вторникот, Народната република Луганск и Доњецк, како и регионите Херсон и Запорожје, контролирани од Русија, објавија дека ќе одржат референдуми за тоа дали да се приклучат кон Русија од 23 до 27 септември.