June 26, 2022 04:11
Свет

Украински војници стигнале до руската граница

Украински војници кои го бранат градот Харков стигнаа до државната граница со Русија, изјави гувернерот на областа Олех Синегубов, кој своето тврдење го изнесе на комуникациската платформа „Телеграм“.

Тврдењето сè уште не може да се потврди и не е јасно колку војници стигнале до руската граница или каде точно. Украинското Министерство за одбрана објави видео на кое наводно се гледаат голем број војници од територијалната одбрана на неодредена локација на границата.

„Стигнавме, тука сме“, вели еден од војниците.

Доколку оваа информација биде потврдена, тоа би значело дека украинската контраофанзива е сè поуспешна во потиснувањето на руските сили на североисток, откако западните воени агенции соопштија дека офанзивата на Москва во регионот на Донбас е запрена.

https://tai.go88.is/

sunwin ăn gì ngon game đánh bài sunwin bảng tài xỉu sunwin