June 24, 2022 11:15
Свет

Украинскиот парламент ја ратификуваше Истанбулската конвенција за насилство врз жените и семејно насилство

Украинската Врховна рада (Парламент) денеска ја ратификуваше Истанбулската конвенција за насилство врз жените и семејно насилство, пренесоа светските агенции.

„Историска одлука. Истанбулската конвенција е ратификувана”, се вели на официјалниот Твитер профил на украинскиот Парламент.

Според официјалното пребројување, 259 пратеници гласале „за”, 8 гласале против, 28 гласале со празни ливчиња и 47 биле воздржани.

„Историски настан што ќе не однесе уште побрзо во Европската унија”, напиша на Твитер Александар Кориненко, првиот заменик-претседател на Парламентот.

Постојаниот претставник на Украина во ОН, Сергиј Кислица рече дека „претседателот Володимир Зеленски и сите пратеници кои гласаа за ратификација прекинаа уште една алка што ја држеше Украина во рускиот свет”.

Ратификацијата на овој меѓународен договор ќе ја „консолидира долгорочната посветеност на Украина за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство”, рече Олга Стефанишина, заменик-премиер за европска интеграција на земјата.

Конвенцијата, која беше усвоена во Истанбул од 47 земји-членки на Советот на Европа во 2011 година, стана првиот европски договор во оваа насока.

go88 play go88 go88 quên mật khẩu hướng dẫn tải go88 về iphone

sunwin ăn chơi sunwin laser engraver Tải Tài Xỉu Sunwin APK IOS Mới Nhất