August 15, 2022 18:18
Свет

Украинска армија: „Масовно” бомбардирање од Белорусија врз пограничен регион

Северниот пограничен регион на Украина Чернигов беше под „масовно бомбардирање” од територијата на рускиот сојузник Белорусија, се вели во соопштението на украинската армија .

„Околу 5:00 часот наутро (02:00 GMT) регионот Чернигов претрпе масовно бомбардирање со проектили. Дваесет ракети, истрелани од територијата на Белорусија и од воздух, го гаѓаа селото Десна”, соопшти Северната воена команда на Украина. Тие додаваат дека засега нема информации за жртви.

„Дваесет ракети, истрелани од територијата на Белорусија и од воздух, го гаѓаа селото Десна”.

Десна, мало село со население од околу 7.500 луѓе, се наоѓа на 70 километри северно од Киев и слично растојание јужно од границата на Украина со Белорусија.

Нападите доаѓаат кога рускиот претседател Владимир Путин се сретна со неговиот белоруски колега и близок сојузник Александар Лукашенко во Санкт Петербург.

tải sunwin

sunwin

sun win

sunwin

sunwin