February 2, 2023 22:45
Свет

Украинската армија се повлече од Соледар

Украинската армија денеска соопшти дека им го предала Соледар на Русите, две недели откако Москва објави дека го зазела градот во источна Украина, пренесе Бета.

– По неколкумесечни тешки борби, украинските вооружени сили го напуштија градот и се повлекоа на подготвените позиции, изјави денеска портпаролот на украинската армија за источната зона Сергиј Черевати.

Сепак, тој не сакаше да каже кога точно украинската армија се повлекла од Соледар.