September 26, 2022 00:28
Свет

Украинската армија повратила нови територии во источниот дел на земјата

Украинската армија денеска соопшти дека ја презела контролата врз уште еден град во источниот регион Доњецк, што беше под контрола на руските сили.

– Украинската армија повторно ја зазеде Јацкивка, соопшти преку телевизијата Олексиј Громов, претставник на украинскиот Генералштаб, во мигови кога на териториите под руска контрола се спроведува референдум за нивно присоединување кон Русија.

Заземањето на градот што се наоѓа на источниот брег на реката Оскил потврдува дека продолжува украинската контраофанзива, во која Киев успеа да поврати илјадници квадратни километри територија од соседната област Харков.

– Украинците, исто така, ја вратија контролата врз позиции јужно од Бахмут, клучниот град во регионот Доњецк што беше цел на руски напади последните недели, рече Громов.

Во украинските области што делумно или целосно се под руска контрола од денеска се одржуваат референдуми за приклучување кон Русија. Киев и Западот таквите референдуми ги оценија како „лакрдија” и голема ескалација на конфликтот.