June 25, 2022 09:06
Свет

Украина се надева на размена на заробените борци од Мариупол

Заменичката-министерка за одбрана на Украина Хана Малиар денеска изрази надеж дека украинските војници кои се предале од фабриката за челик Азовстал во Мариупол ќе бидат разменети за руски заробеници, и покрај изјавата на рускиот функционер Вјачеслав Володин дека тие се  „криминалци кои мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

Малиар рече дека коментарот на претседателот на руската Државна дума Вјачеслав Володин е политичка изјава, замислена како внатрешна пропаганда во согласност со внатрешно-политичките процеси во Русија.

Таа додаде дека од перспектива на Украина, преговарачкиот процес и самата спасувачка операција се во тек.

Претходно денеска, Володин ги нарече борците на Азовстал „нацистички криминалци” кои треба да бидат исклучени од каква било идна размена и кои Русија мора да ги изведе пред лицето на правдата.

auto247 go88 bot hack go88 go88 club apk

https://sunwin.gg/