June 25, 2022 23:07
Свет

Украина: „Правиме се за да ги спасиме преостанатите војници од Азовстал“

Украина прави се што е можно и невозможно за да ги спаси преостанатите борци заробени во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малијар.

Таа посочи дека Киев знае уште колку војници има во фабриката за челик, но нагласи дека тоа е чувствителна информација.

Во понеделникот 264 борци, од кои многумина тешко ранети, беа евакуирани во областите под контрола на проруските сили. Според Ројтерс, во вторникот биле забележани уште седум автобуси како го напуштаат местото на настанот. Конвојот пристигна во Оленивка, село кое го држат проруските сили во Донбас, додава Би-Би-Си.

Руското обвинителство најави дека ќе ги сослуша сите украински војници во рамките на истрагата за, како што наведува Москва, злосторствата на украинскиот режим врз цивилите во Донбас.

Украина сака да ги замени своите војници за заробени руски војници како дел од договорот за евакуација што го потврди Москва, пишуваат медиумите.

https://tai.go88.is/

sunwin là ai