December 9, 2022 12:51
Свет

Украина обвини за 20 загинати цивили во ново руско гранатирање на евакуациски конвој кај Харков

– Гувернерот на регионот Харков, Олех Сињехубов, изјави дека руските сили денеска гранатирале цивилен евакуациски конвој на североистокот на земјата, во кој загинале 20 лица.

Бомбардирањата се интензивираа откако Москва незаконски анектираше дел од украинската територија во оваа осуммесечна војна.

Сињехубов кажа дека конвојот бил гранатиран во областа Купианси, нарекувајќи го нападот врз луѓето кои се обидувале да побегнат од областа „суровост што не може да се оправда”.

Руските сили ниту го признаа, ниту го коментираа нападот, втор во последните два дена што погодува хуманитарен конвој.

По украинската контраофанзива од минатиот месец руските трупи се повлекоа од поголемиот дел од регионот Харков, но продолжија да го гранатираат ова подрачје.