April 8, 2020 14:07
Свет

Украина го суспендира авионскиот и железнички сообраќај со странство

– Украина од петок, 27 март, привремено го прекинува комплетниот авионски и железнички сообраќај со другите земји во обидот да го спречи ширењето на коронавирусот, пренесоа украинските медиуми, повикувајќи се на изјава на министерот за внатрешни работи Арсен Аваков.

Аваков ги повика Украинците брзо да одлучат дали сакаат да се вратат во татковината или да останат во странство, додаваат британските медиуми.

-Имате два дена. Така што, ајде, вратете се, драги наши. Потоа, ако седнете во некоја убава колиба, останете таму уште малку, ако така одлучите, рече Аваков.