December 9, 2018 20:50
Свет

Украина го раскина Договорот за пријателство со Русија

Украинскиот Парламент, Врховната Рада денеска ја поддржа одлуката на претседателот Петро Порошенко за раскинување на Договорот за пријателство, соработка и партнерство меѓу Украина и Русија.

-Договорот за пријателство, соработка и партнерство меѓу Украина и Русија ќе биде раскинат на 1 април 2019 година, се наведува во образложението на предлогот.

Одлуката за раскинување на Договорот беше поддржана од 277 пратеници. За нејзино усвојување беа потребни 226 гласа.

Related posts

Во Лондон протести поради климатските промени

Ivona

Навални: Не ми дозволуваат да ја напуштам Русија

Igor

На изборите во САД победил покоен сопственик на бордел обвинет за силување

Igor