Свет

Украина воведе санкции за над 70 руски компании и неколку институции

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска ги потврди санкциите наметнати од Советот за национална безбедност и одбрана кои се однесуваат на Руската федерална агенција за Заедницата на независни држави (ЗНД), за сонародници кои живеат во странство, за руската Канцеларија за хуманитарсна соработка, компанијата Волга-Днепар и 77 други руски компании.

Санкции беа воведени и за неколку домашни компании, но и за 10 граѓани на Украина, кои претседателот Зеленски ги нарече „најголемите украински шверцери“, пренесува агенцијата „Тасс“.

Претходно, украинскиот министер за култура, Александар Ткаченко, го повика Советот за национална безбедност и одбрана да ја разгледа целисходноста на работата на руската канцеларија за хуманитарна соработка во Киев, наведувајќи дека таа е вклучена во ширењето на руска пропаганда и наративи под маската на културна и научна соработка.

Министерот Ткаченко беше особено лут што руската канцеларија во Киев најавила Меѓународeн натпревар на современи поети, под називот „Денови на Шевченко“, со образложение дека станува збор за „руско-украински поет“.

Потпретседателот на горниот дом на парламентот на Русија, Константин Косачев, ги оцени потезите на Киев како уште еден пример за постепена деградација на украинските власти поради нивната политика кон Русија.

AniWatch watch anime dub: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Episode 18 (https://aniwatch.pro/m/vOrV/ep-18)

AnimeFreak watch anime free: Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 3