June 17, 2019 07:12
Свет

Украина би можела да го прекине железничкиот сообраќај кон Русија

Украина би можела во целост да го прекине железничкиот сообраќај кон Русија и без одлука на извршните власти, соопшти денеска украинскиот министер за инфраструктура Вoлoдимир Омељан.

– Патувањата кон Русија „изумираат”. Во 2018 година бројот на патници од Украина кон Русија се намали за дополнителни 20 отсто. Би сакал одлуката за прекин на сообраќајот да биде донесена на државно ниво, но ако тоа не се случи, ќе се направи од објективни причини, изјави Омељан.

Изјавата на Омељан следи откако „Железницата на Украина” вчера најави дека ќе го редуцира бројот на возови од украинскиот град Одеса кон полскиот Краков од сегашните еден дневно, на еден воз секој втор ден, поради намален број патници.

Од истите причини, во текот на минатата година беа укинати и повеќе возови што сообраќаа од Украина кон градови во Русија.

Нови вести

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Filip

Војници пукале врз напаѓач кој им се заканувал со нож

Filip

Џереми Хант: Јас сум алтернативата на Борис Џонсон

Filip