August 2, 2021 21:40
Свет

Украина бара консултации со ЕУ и Германија за „Северен поток 2″

 Украина започна официјални консултации со Европската унија и Германија за „Северен поток 2″, изјави министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба, нагласувајќи го уште повеќе спротивставувањето на Киев на гасоводот, за кој тврди дека претставува закана за европската безбедност.

Кулеба на Твитер објави дека официјални ноти веќе биле испратени до Брисел и Берлин.

Шефот на украинската дипломатија реагираше неколку минути откако Германија и САД заедно објавија договор со кој, меѓу другото, ќе се утврдат и последиците за Русија доколку таа го искористи новиот гасовод за да и наштети на Украина или на други источноевропски земји.

– Украина официјално започна консултации со Европската комисија и Германија за Северен поток 2, кој ја загрозува украинската безбедност, го нарушува принципот на диверзификација на енергетската унија на ЕУ. Нотите се веќе испратени до Брисел и Берлин, наведе Кулеба.

Според висок претставник на Стејт департментот, Германија, согласно договорот со Вашингтон, вети дека ќе преземе мерки, вклучително и наметнување можни санкции на европско ниво, доколку Русија ја искористи енергијата како оружје во справувањето со други земји.

– Идниот гасовод „Северен поток 2″ им се заканува на Украина и Централна Европа на „политичко, воено и енергетско ниво”, се наведува во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Украина и Полска, Дмитро Кулеба и Збигњев Рау, откако беше постигнат компромис меѓу САД и Германија за ова прашање, околу кое постоеше долготрајно несогласување меѓу нив.

AnimeKisa: Shinmai Maou no Testament Burst Specials anime episode 5 online free at https://animekisa.in animes online

AnimeFreak: Cop Craft (Dub) anime episode 12 online free at https://animefreak.ws watch anime free

AnimeFLV: Magi: The Kingdom of Magic (Dub) anime episode 25 online free at https://animeflv.uk kissanime

Cakeresume: https://www.cakeresume.com/me/gogoanimelol

Vi gravatar: https://vi.gravatar.com/animeflixnl

Bettafish: https://www.bettafish.com/members/animefreakws.321807/#about