September 22, 2019 10:29
Свет

Украдено противтенковско оружје од база на грчката морнарица

Локални власти покренале истрага откако е у тврдено дека исчезнало оружје од магацин во база на грчката морнарица на островот Лерос во Егејското Море.

Со инспекција е утврдено дека недостасува противтенковско оружје, муниција и рачни бомби.

Претходната проверка била извршена минатата година, информира портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, додавајќи дека има индиции дека оружјето е носено „малку по малку”.

Според него, најверојатно е дека тоа се случило во период од почетокот на годинава до летото.

Нови вести

Претседателот на Колумбија го спореди Мадуро со Милошевиќ

Igor

Поради бомба тешка 5,5 тони Полска мора да евакуира 42.000 граѓани

Igor

Најмалку 22 жртви во автобуска несреќа во Пакистан

Igor