July 23, 2021 21:22
Македонија

УКЛО и Криминалистичко-полицискиот универзитет од Белград потпишаа Договор за специфични активности со едукативна, применета и развојна димензија

Скопје, 18 јуни 2021 (МИА) – Договор за соработка денеска во Белград потпишаа Криминалистичко-полицискиот Универзитет од тој град и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ –  Битола.

Домаќин на овој настан, како и потписник на Договорот, беше проректорот за меѓународна и меѓуинституционална соработка на Криминалистичко-полицискиот Универзитетот, проф. д-р Саша Мијалковиќ, додека Универзитетот „Свети Климент Охридски“-Битола го претставуваше проф. д-р Марјан Ѓуровски, професор на Факултетот за безбедност и проректор за студентски прашања и институционален Еразмус + координатор на Универзитетот.

Проректорот Мијалковиќ се осврна на обемот и формите на меѓународна и меѓуинституционална соработка, институциите од земјата и странство со кои Универзитетот има потпишано договори за соработка и планови за наредниот период, учеството на Универзитетот во проекти на Министерството за образование,наука и технолошки развој и меѓународни проекти. Се разговараше за идни програми за меѓународна размена на студенти, наставен и ненаставен кадар.

Проректорот Марјан Ѓуровски посочи дека целта на Договорот е воспоставување успешна и континуирана соработка и унапредување на науката преку спроведување на специфични активности кои имаат едукативна, применета и развојна димензија. Една од темите на дискусијата беше можноста за заедничко објавување на учебници и монографии, каде коавтори би биле наставници од двата универзитета, соопштија од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ –  Битола. рп/дма/

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Kanokon Specials (https://animefreak.ws/m/d5Lz) Episode 13

AnimeBee Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Honobono Log Episode 10

KissAnime Watch anime online, English anime online HD. Non Non Biyori: Okinawa e Ikukoto ni Natta (https://kissanime.mx/m/EjV) Episode Full

KissAnime Play: https://www.play.fm/kissanimemx