November 24, 2020 21:36
Магазин

Узо Адуба ќе глуми во новата сезона на „На терапија“

Десет години по третата и навидум последна сезона, „На терапија“ се враќа со нова sвезда, Узо Адуба („Портокаловата е новата црна“).

39-годишната Адуба е подготвена да глуми во новата сезона на популарната серија, портретирајќи ја новата психијатарка Брук Лоренс, се вели во соопштението за печатот на „ХБО“.

Получасовната драмска серија ќе ја следи Лоренс, додека таа управува со три различни пациенти, додека се занимава и со свои проблеми.

Продукцијата е предвидена да започне оваа есен, под строги правила и протоколи за снимање во услови на пандемија, а сезоната треба да се појави во 2021 година на “ХБО“.

Серијата првично дебитираше на „ХБО“ во 2008 година, следејќи го Габриел Брн како психотерапевт д-р Пол Вестон, кој се здружи со својата стара психијатарка, д-р Џина Тол (Дајан Вист), која не ја видел веќе 10 години, за да ги реши своите проблеми.