December 3, 2022 10:50
Балкан

Ужас во Хрватска: ја силувал сопругата, а татко му со години ја малтретирал и ѝ се заканувал дека ќе ја убие

Пет години траело малтретирањето врз 26-годишната жена во Лика, Хрватска.

Таа била жртва на својот сопруг и на татко му. Како што наведуваат хрватските медиуми, 35-годишниот сопруг двапати ја силувал во јуни, а татко му ѝ се заканувал дека ќе ја убие. Таа потоа побегнала од насилниците во т.н. сигурна куќа и по три месеци собрала сили да ги пријави. Денеска, на двајцата им е одреден притвор.

„Постои основано сомнение дека 65-годишниот осомничен речиси секој ден, од 2017 до 2022 година, ја понижувал својата 26-годишна снаа во семејната куќа во околината на Удбина, а ситуацијата се влошила во јануари 2022 година и ѝ предизвикала чувство на страв и вознемиреност. Се сомнева дека 65-годишниот осомничен ѝ се заканувал на 26-годишната жена на 15.6.2022 година, што ѝ предизвикало вознемиреност и страв за сопствениот и за животите на нејзините деца“, велат од Обвинителството.

Жупаниското државно обвинителство во Карловац, по свекорот, го сослушало и сопругот на жртвата поради основано сомнение за сторено тешко кривично дело против сексуалната слобода. Постои основано сомнение, велат од таму, дека 35-годишниот осомничен наведените кривични дела ги сторил на 15 и на 20 јуни годинава на едно место во Лика, Сењска жупанија, на штета на 26-годишната жртва.

Судијата во Карловац им одреди 30-дневен притвор на двајцата поради опасност од влијание врз сведоци и ризик од повторување на кривичното дело.