December 1, 2022 19:11
Балкан

Ужас во Србија: Татко ја убил својата двегодишна ќерка и се самоубил

Татко од Вршац во Србија денеска околу 14:20 часот ја задушил својата двегодишна ќерка и нејзиното тело го фрлил во канал, пишува Телеграф.

Веднаш потоа се самоубил, а пред убиството испратил порака до својата сопруга со која бил во процес на развод, пренесуваат медиумите од Србија.

Веднаш штом ја прочитала пораката, жената повикала полиција, но веќе било доцна. Трагедијата се случила во семејната куќа на улицата Војнички трг во Вршац.