Спорт

УЕФА ќе укине дел од правилото за гол во гости што се однесува на продолженијата

Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) ќе укине дел од правилото за „гол во гости“ што се однесува на продолженијата. Според најавите оваа измена на ова правило кое е на сила уште од 60-години на минатиот век ќњ се најде на маса пред челниците на УЕФА за ревизија веќе в петок.

Правилото „гол на гости“, кое во елиминациски мечеви многупати се покажало како клучно за да се добие победникот зашто еден погодок се вреднува како два беше пресудно и на синоќеѓниот реванш натпреавр во ЛШ меѓу ПСЖ и баерн Минхен. Актуелниот европски првак победи во Париз со 1:0, но не ја продолжи трката за одбрана на трофејот бидејќи  ПСЖ постигна три три гола во Минхен и победи до 3:2. На крајот вкупниот резултат беше 3:3 и победата на Баерн се покажа како пирова.

Како што се најавува, УЕФА сега ќе го укине правилото за гол на гости само во продолженијата, но тоа останува да важи за регуларните 90 минути. Ова значи дека ако два тима победат по 1-0 во два меча, следат продолженија. Но, ако гостинот даде гол, тогаш домаќинот ќе мора да даде два, зашто со еден и триумф со 2-1 испаѓа. Е, сега ова правило се менува, што значи предноста на гостите ако дадат гол нема да има „двојна вредност“ во продолженијата.

Од поодамна во Европа има кампања воопшто да се укине правилото „гол на гости“, кое не важи на пример во Јужна Америка.

WCOStream we bare bears wcostream: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 9 (https://wcostream.cc/m/xLrG/ep-9)

KissAnime kissanime pokemon: The Promised Neverland Season 2 Episode 11