January 17, 2019 12:31
Фудбал

УЕФА парично ги казни ПСЖ и Црвена ѕвезда

Европската фудбалска федерација (УЕФА) им изрече парични казни на францускиот и српскиот шампион Пари Сен-Жермен и Црвена ѕвезда.

ПСЖ ќе треба да плати 35.000 евра поради неспортско однесување на неговите навивачи на средбата со „црвено-белите“, употреба на пиротехнички средства, како и заради несоодветно однесување на клупските челници и доцнење на почетокот на натпреварот.

Казната за белграѓани е 25.000 евра, а е изречена поради непримерно скандирање на нејзините симпатизери и предизвикување немир кај останатата публика.

Натпреварот ПСЖ – Црвена ѕвезда се одигра на 3 октомври во Париз и заврши со победа на Французите од 6:1.

Related posts

Вар-систем на мечевите на Македонија со Финска и Азербејџан

24info

Анчелоти: Поразот од Ливерпул беше тежок удар за Наполи

24info

Милан со ултиматум до Гатузо

24info