Спорт

УЕФА одлучи репрезентациите на завршницата од ЕП да имаат на располагање по 26 играчи

Европската фудбалска федерација донесе одлука репрезентациите учесници на завршницата од претстојното Европско првенство наместо 23, да  имаат на располагање по 26 играчи.

– Со цел да се намалат ризиците на тимовите кои се соочуваат со недостиг на достапни играчи поради можни позитивни резултати од тестовите КОВИД-19 и следните мерки за карантин пропишани од надлежните органи, беше донесено одлука, да се зголеми списокот на играчи за сите тимови до 26 играчи. Сепак, 23 играчи е максималниот број на играчи што се дозволени на натпреварот за секој поединечен натпревар, вклучително и тројца голмани, се вели во соопштението на УЕФА.

Европското првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули.

За првпат на еден евро-шампионат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација.

AnimeHeaven animehaven: Bleach (Dub) Episode 366

AnimeFreak anime freak new site: Watch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 16