August 5, 2021 02:13
Спорт

УЕФА наложи корекции на украинскиот дрес за ЕУРО2020

УЕФА делумно ја прифати жалбата на Русија поднесена поради изгледот на новиот дрес со кој украинската фудбалска репрезентација ќе настапи на ЕУРО2020.

Украина од дресот ќе мора да го отстрани натписот „Слава на Украина, слава на јунаците”, откако УЕФА заклучи дека слоганот испраќа политичка порака и содржи историски и милитантен контекст.

– По детална анализа, натписот „Слава на нашите јунаци” очигледно е од политичка природа и затоа треба да биде отстранет од натпреварите во организација на УЕФА, изјави портпаролот на Европската куќа на фудбалот.

Руските политичари го критикува спорниот натпис, наведувајќи дека таа парола за време на Втората светска војна ја користеле украинските националисти, кои се бореле на страна на нацистите против Советската армија.

Картата на која се наоѓа полуостровот Крим ќе остане на украинскиот дрес, бидејќи, како што истакна УЕФА, станува збор за меѓународно признати граници. Русија во 2014 година еднострано го припои Крим кон своите граници.

Watch anime online for free at AnimeBee dubbed anime. Watch Genesis Climber Mospeada Episode 25

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD. Kämpfer (https://gogoanime.be/m/oeZ) Episode 12

KissAnime Watch anime online, English anime online HD. The Disappearance of Nagato Yuki-chan (Dub) Episode 16

KissAnime Hulkshare: https://www.hulkshare.com/kissanimemx