November 27, 2021 02:31
Свет

Убиството на британскиот пратеник Ејмс е тероризам, убиецот Сомалиец

Убиството на британскиот пратеник од редовите на Конзервативната партија, сер Дејвид Ејмс, за кое е осомничен и уапсен 25 годишен маж, полицијата го квалификуваше како терористички напад.

Ејмс (69), член на Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон, е избоден со нож вчера околу пладне во Методистичката црква Белферс во местото Леј во Есекс, на истокот на Англија.

Телевизијата „Скај њуз“ извести дека уапсениот маж е британски државјанин со сомалиско потекло.

Полицијата, чија единица за борба против тероризам го презеде случајот, денеска соопшти дека ова убиство го води како терористичко дело, пренесе новинската агенција Ројтерс.

„Првите наоди од истрагата укажуваат на потенцијална мотивација поврзана со исламистички екстремизам“, наведе полицијата.

Соопштено е дека 25-годишниот маж, кој е осомничен за ова убиство е уапсен на лице место, а во рамки на истрагата полицијата во моментот врши претрес на две адреси во околината на Лондон, а се верува оти осомничениот делувал сам. Полицијата во Есекс соопшти дека го пронашла ножот со кој е извршен нападот.

Лекарите на местото се бореле да му го спасат животот на пратеникот, кој беше нападнат за време средба со гласачите. Британските политичари го опишаа ова убиство како напад на демократијата.

Ејмс, кој беше член на парламентот од 1983 година и е татко на пет деца, кралицата Елизабета го прогласи за витез за неговата јавна служба во 2015 година.

Aru Zombie Shoujo no Sainan (https://animekisa.in/m/Mz5n) Episode Full

ANIMEFLIX: City Hunter: Bay City Wars (Dub) anime episode Full online free at https://animeflix.nl animeflix sailor moon

Website https://animeheaven.pro: Watch The Helpful Fox Senko-san Mini animeheaven Episode 12 animeheaven unblocked

Website https://twistmoe.net: Watch Akame ga Kill! (Dub) twistmoe Episode 24 watch animes

Website https://animetv.cc: Watch Neppuu Kairiku Bushi Road animetv Episode Full anime tv streaming