November 27, 2021 03:49
Свет

Убиецот од Конгсберг преминал во ислам и се радикализирал, соопшти норвешката полиција

Осомничениот за нападот со лак и стрела, 370годишниот Данец, преминал во ислам, а полицијата пред убиствата, вчеравечер, беше во контакт со него поради загриженост за радикализација, изјави денеска шефот на норвешката полиција Оле Бредруп Саверуд, пренесе Си -Ен -Ен.

Данецот (37) беше уапсен синоќа за нападот со лак и стрела во супермаркет во норвешкиот град Конгсберг, во кој уби пет лица, а двајца тешко повреди.

Откако полицијата вечерта добила пријава за нападот осомничениот го привела за точно 34 минути. Очевидци велат дека побеснетиот човек убил пет лица, додека другите панично трчале по улиците, обидувајќи се да избегаат од заканата.

Тој во моментов е во притвор, а полицијата претходно соопшти дека е во тек истрага за да се утврди дали нападот може да го третира како терористички акт.

Жена, која во моментот на нападот била на улица во Конгсберг, за локалната телевизија изјави дека маж одеднаш се појавил на аголот од улицата со лак и стрела во рацете.

-Слушнав метеж и видов жена како се крие на аголот, потоа се појави маж и застана на аголот на улицата со лак и стрели во некаква торбичка. Потоа, видов како луѓето трчаат по улицата, исплашени за сопствениот живот. Една од нив беше жена со мало дете во рацете, рече локален жител кој сакаше да остане анонимен.

Нападот се случи на последниот ден од конзервативната влада на Ерн Солберг. Премиерката во заминување рече дека информациите што ги добила за инцидентот се „страшни”.

-Разбирам дека многу луѓе се плашат, но важно е да се нагласи дека полицијата сега ја контролира ситуацијата, рече таа на прес -конференција, неколку часа пред официјално да ја напушти функцијата премиер на Норвешка.

Polar Bear's Café Episode 50

TwistMoe Watch anime online, English anime online HD

Website https://animekisa.in: Watch Super Cub animekisa Episode 12 dubbed anime

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro

Resident Evil: Damnation Episode Full