March 22, 2019 04:04
Магазин

Убиен 24-годишен геј-пејач додека возел мотоцикл

Sвездата во подем, пејачот Кевин Фрет е убиен, а имаше само 24 години. За него се пишува како за прв отворен геј-пејач на латиноамериканскиот трап, и според весникот „Ел нуево диа“, тој беше убиен во Порторико во раните утрински часови во четвртокот, 10 јануари. Некој пукал во него додека се возел на неговиот мотоцикл по Сан Хуан околу 5:30 часот по локално време, а починал во медицинскиот центар во Рио Пиедрас.

Полицијата го испитува неговото убиство, во кое тој е застрелан осум пати.

„Кевин беше уметничка душа, сонувач со големо срце. Неговата страст беше музиката и уште толку многу сакаше да направи. Насилството мора да престане. Не постојат зборови за да се опише она што го чувствуваме и болката што ја предизвикува фактот дека едно лице со толку многу соништа мораше да си замине“, се вели во соопштението неговиот менаџер Едуардо Родригез.

Фрет се проби на латиноамериканската трап-сцена на почетокот на 2018 година со песната Soy Asi, и искрено се залагаше за порториканската ЛГБТ-заедница.

„Молете се, опуштете се и чекајте го моето време, јас ќе го направам останатото”, е последната објава на Фрет на Инстаграм, која ја напиша во средата.

Нови вести

Лозинки на корисници биле видливи за вработени во Фејсбук

Filip

Тинејџерка заработува стотици илјади фунти како кума

24news

Месецот на вашиот роденден може да открие кои се идеални вежби за вас

24info