December 6, 2019 21:20
Свет

Убиен уште еден командант на Исламски џихад

Радикалната палестинска група Исламска џихад објави дека во денешните израелски воздушни напади врз Појасот Газа е убиен уште еден нивен командант, Калед Фараж, јави телевизијата „Ал Мајадин“.

Во извештајот се наведува дека Фараж (38) загинал во воздушен напад недалеку од една фарма, пренесува ТАСС.

Палестинските групи и израелската војска разменија оган во текот на изминатите два дена, откако еден од командантите на Исламскиот џихад, Баха Абу ал-Ата, беше убиен во напад на Појасот Газа.

Нови вести

Крајбрежната стража на Мавританија пресретнала брод со мигранти

Filip

Напаѓачот од базата во Пенсакола бил саудиски војник на обука, саудискиот крал му изразил сочуство на Трамп

Filip

Милитантите од Ал Шабаб убиле осум патници на северот на Кенија

Filip