November 14, 2019 13:25
Свет

Убиен лидерот на Ал Каеда за јужниот дел на Азија

Лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда за јужна Азија, Асим Умар е убиен во заедничка авганистанско-американска воена акција, соопштија денеска авганистански безбедносни извори.

Би Би Си објави дека Умар, кој бил шеф на Ал Каеда за индискиот субконтинент, е убиен во напад врз талибански позиции во авганистанската провинција Хелманд на 23 септември, соопшти авганистанскиот Национален директорат за безбедност.

Во истата акција биле убиени и 40 цивили.

САД и Ал Каеда се уште ја немаат потврдено информацијата за убиство на Умар.

Нови вести

Вандализирани еврејски гробишта во Данска

Valentina

Пјонгјанг: Се помали шанси за нормализација на односите со САД

Filip

Австрија: Обвинение против офицер кој шпионирал за Русија

Filip