November 23, 2020 16:40
Свет

Убиен командантот на ЕЛН, Уриел

Во операција на безбедносните сили на Колумбија во провинцијата Чоко убиен е командантот на бунтовничката Национална ослободителна армија (ЕЛН), познат како Уриел, изјави колумбискиот претседател Иван Дуке.

Уриел (41) е познат по тоа што ги користеше медиумите да ги оправда своите злосторства. Тој често се појавуваше на телевизија и објавуваше видеоснимки и објави на Твитер.

Андрес Фелипе Ванегас Лондоно познат како Уриел се товари за киднапирање, убиства на активисти за човекови права и припадници на безбедносните сили и по лошиот однос кон малцинстваа.

Дуке наведе дека Уреил е елиминиран во заедничка акција на армијата и полицијата на Колумбија.

ЕЛН е формирана во 1964 година од радикални свештеници и групата се сметаше за порадикална од бунтовничката ФАРК, која во 2016година потпиша мировен договор и сега е легална политичка партија.