June 26, 2022 03:18
Свет

Убиени уште двајца новинари во Мексико, годинава убиени вкупно 11 медиумски работници

Две новинарки се убиени синоќа во источната мексиканска држава Веракруз, соопшти регионалното Обвинителство, со што бројот убиени новинари во земјата оваа година се зголеми на единаесет.

Новинарката Јесенија Молинедо и снимателката Шеила Гарсија биле биле застрелани пред комецијална зграда во Косолеакак, околу 570 километри југоисточно од Мексико Сити.

Обвинителството на Веракруз соопшти дека е покрената истрага за смртните случаи, и тоа по сите насоки вклучувајќи ја и новинарската активност на убиените.

Минатата недела беше пронајден мртов и Луис Енрике Рамирез, познат новинар во Мексико со 40-годишно искуство. Тој беше политички колумнист за влијателниот весник „Синалоа Ел Дебата” и основач на информативниот портал „Фуентес Фидедињас”.

Според „Репортери без граници”, Мексико и минатата година, трета година по ред, беше прогласен за најопасна држава за новинарите. Авганистан е на второ место со шест убиства.

go88 không đăng nhập được facebook quên tên đăng nhập go88 nổ hũ tài xỉu go88

sunwin nhà cái sunwindow can tho sunwin international logistics co. ltd