Девет лица, вклучително и еден таџикистански офицер, се убиени денеска, а 24 се повредени во антитерористичка операција во проблематичен регион на Таџикистан што се граничи со Авганистан и Кина, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Осум членови на „илегална вооружена група” се убиени, а 11 други се повредени во операција во источниот регион Горно-Бадакшан, се вели во соопштението на Министерството.