December 5, 2022 08:32
Балкан

Убиениот во Панама не е Звицер

Српската полициска управа преку своите партнерски служби добила потврда дека убиеното лице во Панама не е Радоје Звицер, лидерот на озлогласениот „Кавачки клан“.

-Полициските информации, според сознанијата на порталот Стандард, укажуваат дека убиениот во централноамериканската држава Панама физички не личи на шефот на кавачкиот клан, Радоје Звицер, пишува српски „Блиц“.

Со идентификација и физичка проверка, Српската полициската управа добила дефинитивна потврда дека контроверзното лице не е убиено во Панама, туку дека се работи за друго лице чиј идентитет се уште не е соопштен.

Потсетуваме, пред два дена медиумите објавија информација дека лидерот на „Кавачкиот клан“ Радоје Звицер е убиен во пукотница во вила во Панама.

Звицер беше еден од највлијателните луѓе на балканското подземје. Беше поврзуван со бројни убиства, продажба на дрога и други кривични дела.

Се верува и дека тој стои зад ликвидацијата на шефовите на „Шкаљарскиот клан“, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во Атина.