Хроника

Уапсен убиецот на Мартин Јанушев

Полицијата вечерва го уапсила Филип Секуловски Кобра, убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев кој е во бегство речиси две години. Како што јавува Телма, тој сам се пријавил во полиција но, не поседувал важечка лична карта.

Секуловски, кој беше баран со потерница од МВР, според извори на Сител веќе е во затворот во Шутка.

Мартин Јанушев на 3. ноември 2017 година беше застрелан пред неговиот дом во населбата Аеродром, истиот ден кога Секуловски бил пуштен од затвор на слободен викенд и оттогаш беше во бегство.