August 8, 2022 17:37
Хроника

Уапсен тетовец кој украл шест мотоцикли

На 19.06.2022 околу 12.10 часот во Тетово, полициски службеници на Секторот за внaтрeшни работи Тетово расчистија шест кражби на мотоцикли и го лишиле од слобода В.Н.(26) од Тетово.

Тој се сомничи дека минатиот и овој месец противправно одзел шест мотоцикли, од кои три се пронајдени во неговиот дом.

Пронајдените мотоцикли биле вратени на сопствениците, а против В.Н. ќе следува соодветен поднесок по членовите 235 и 236 од Кривичниот законик.