August 12, 2022 01:37
Хроника

Уапсен скопјанец осуден на шест години затвор за засновање ропски однос

На улица „Дижонска” во Скопје, полицијата денеска го лишила од слобода Б.И.(39) од Скопје, кој бил баран по Централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од три години и осум месеци.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето било приведено за сторено кривично дело Засновање ропски однос и превоз на лица во ропски однос по член 418 од Кривичниот законик, за кое бил осуден на казна затвор од пет години и 10 месеци и ќе биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.