June 25, 2022 22:52
Хроника

Уапсен скопјанец кој пукал на веселба во село Црвена Вода

На 21.05.2022 во 16,34 часот во с.Црвена Вода, oпштина Студеничани од полициски службеници од Полициска станица Драчево е приведен Н.Р.(36) затоа што за време на одржување на манифестација од пиштол испукал три проектили во воздух.

-Од полициски службеници на местото на настанот се пронајдени три чаури и огненото оружје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Од полицијата информираат и дека вчера околу  21.20 часот во Скопје припадници на Единицата за интервентна полиција го уапсија М.О. (20) од Скопје, кај кого е пронајден пиштол „Застава” 7.62 мм со рамка со пет куршуми 7.62 мм за кој не поседувал дозвола.

https://tai.go88.is/

tải sunwin online