November 20, 2019 14:07
Хроника

Уапсен Светозар Петровиќ, учесник во „крвавиот четврток“

Скопјанецот Светозар Петровиќ познат како „Лаки Арамбаша”, и познат на МВР како еден од членовите на протестите „За заедничка Македонија“ кој упадна во Собранието на 27 април, бил уапсен синоќа во Скопје.

Според МВР, Петровиќ се барал за издржување на казна затвор од 1 година и 6 месеци.

„На 10.07.2019 година во 21.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, врз основа на судска наредба, полициски службеници го лишиле од слобода и привеле во полициска станица лицето С.П.(43) од Скопје, кој се барал за издржување казна затвор од една година и шест месеци“, информираат од МВР за 24Инфо.

Петровиќ кој е осуден за кривичното дело лажно идентификување долго време бил во бегство. Во моментот на апсењето тој бил лоциран во куќа во скопската населба Кисела Вода, од каде бил однесен во затворот во Идризово.

Петровиќ или Лака Арамбаша е еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија”. Пријавен е и за говор на омраза на социјалните мрежи. Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение за организирање на насилството во Собранието.

Петровиќ е близок роднина на Тодор Петров, претседателот на македонскиот Светски конгрес.

Нови вести

Кичевец физички нападнал шумски полицаец

Igor

Тракторист загина кај охридското село Ливоишта 

Igor

Уапсен рекетар, барал 120.000 евра од мајката на скопјанец на кого му позајмил 20.000 евра

Igor