December 14, 2019 14:48
Свет

Уапсен осомничен за масакрот во Мексико

Едно лице е уапсено поради можна поврзаност со егзекуцијата на девет американски државјани, три жени и шест деца, на кои била поставена заседа од припадници на картел, соопштија мексикански истражители.

Во соопштението објавено на „Фејсбук“, Агенцијата за криминалистичка истрага во државата Сонора наведува дека осомничениот бил пронајден во градот Агуа Приета, на границата со американската држава Аризона, како и дека држел двајца заложници врзани за возило, пренесе АП.

Осомничениот, чиј пол не е наведен, имал четири пушки, муниција, неколку големи возила, вклучително и блиндиран СУВ.

Мексиканските власти соопштиле дека напаѓачите најверојатно мислеле дека големото теренско возило ѝ припаѓа на ривалската банда.

Во масакрот, кој се случи вчера на локалниот пат во мексиканската држава Сонора, на границата со САД, беа убиени девет членови на американско мормонско семејство, три мајки и шест деца.

Осуммина деца, меѓу кои неколку бебиња, го преживеаа нападот на наркокартелот.

Нови вести

Две години затвор за поранешниот судански претседател Омар ал-Башир заради корупција

Valentina

Седум загинати и 32 повредени лица во две големи сообраќајни несреќи на автопат во Јужна Кореја

Valentina

Путин: Прославата на 75-годишнината од победата над фашизмот ќе биде најважен настан во 2020 година

Valentina