Хроника

Уапсен малолетник со потекло од Македонија, се заканувал дека ќе ја разнесе катедралата во Виена

Австриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло кој се заканувал со терористички напад во центарот на Виена, пишуваат австриските медиуми.

Малолетникот, бидејќи не добил одговор на „чат“ со канцеларот Себастијан Курц, се заканил дека денеска во 13 часот ќе изврши терористички напад врз виенската катедрала Стефандом.

Откако беше утврден идентитетот на лицето кое упатило закани до канцеларот, специјалци го лоцирале и уапсиле заканувачот.

Малолетникот досега не и бил познат на полицијата по ниту една основа, а полициските службеници во моментов проверуваат дали неговата закана е поврзана со исламски тероризам.
По апсењето заканувачот изјавил дека немал намера да ја изврши својата закана и дека наводно станува збор за „шега“.

Тој исто така вели дека не бил свесен за последиците од неговите постапки. Малолетникот сега е во истражен затвор, а полицијата спроведува понатамошна истрага.

Австриската јавност и светот беа шокирани од терористичкиот напад на 2 ноември лани во Виена, кога Австриецот Кујтим Фејзулаи, по потекло од Челопек, уби четири лица и повреди повеќе од 20 луѓе.

Меѓу жртвите беше и Неџип Вранези од Велешта.

Поврзани вести

Мијалков нуди гаранција од 7,5 милиони евра за да се брани од слобода

Igor

Починаа 16 лица, нови 30 случаи на коронавирус

Igor

Грција го отвори Евзони во 13 часот, ова се условите за влез

Igor

AnimeDao animedao tower of god: Hige wo Soru. Soshite Joshikousei wo Hirou. Episode 2

ANIMEFLIX animeflix one piece: The Daily Life of the Immortal King (https://animeflix.nl/m/MO2N) Episode 15