July 10, 2020 10:29
Свет

Уапсен маж осомничен дека планирал напад во Германија

Во Германија е уапсен мажот осомничен дека планирал да изврши напад во земјата.

Федералното обвинителство соопшти дека осомничениот е уапсен во Берлин и дека е извршен претрес на неговиот стан.

Неговото име не е обелоденето, но тој е опишан како радикален исламист, кој планирал да изврши напад во Германија и да убие и рани што е можно повеќе луѓе.

Обвинителството во Берлин соопшти дека станува збор за 37-годишен Сириец, кој бил информиран преку интернет како да направи бомба и на онлајн форуми зборувал дека планира да изврши напад.

Не е прецизирано каде и кога требало да се случи нападот.

Осомничениот почнал да набавува материјал потребен за бомбата во јануари, пренесува АП.