February 2, 2023 23:02
Свет

Уапсен маж кој испраќал писма бомби до амбасадите и кабинетот на премиерот во Шпанија

Шпанската полиција уапси 74-годишен маж осомничен дека испраќал писма-бомби на адреси на неколку институции и амбасади во Шпанија, јавуваат шпанските и француските медиуми.

Писмата беа испратени во периодот од 24 ноември до 2 декември до канцеларијата на шпанскиот премиер Педро Санчез, до украинската и американската амбасада во Мадрид, до владините канцеларии и до компанија поврзана со Европската унија.

Мажот е уапсен во северниот шпански град Миранда де Ебро, изјави извор за агенцијата „Франс прес“ без да даде дополнителни детали.