November 28, 2020 17:33
Хроника

Уапсен арачиновец осуден на десет години затвор за шверц на дрога

Дилер на дрога од Арачиново, кој подолго време бил недостапен на полицијата, бил уапсен утринава во селото, информираше МВР.

-На 26.10.2020 во 10:50 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага го приведоа О.Б. (53) од с.Арачиново, кој се барал со меѓународна потерница за издржување на казна затвор од 10 години. Лицето ќе биде спроведено во КПД Идризово, велат од полицијата.