January 16, 2019 00:57
Свет

Уапсени 28 тенисери поради местење на натпревари

Шпанската полиција соопшти дека уапсила 83 лица, од кои 28 се професионални тенисери, поради местење на натпревари на неколку различни турнири, соопшти Европол.

Во соопштението се вели дека меѓу уапсените е и еден тенисер кој минатата година учествувал на УС Опен, и дека постои сомнеж за наместени 97 натпревари.

Сè било организирано од страна на криминална банда од Ерменија, која што ги подмитувала тенисерите за да влијаат на резултатите и притоа добивале парична награда, се вели во соопштението и се додава дека за да ја осигураат работата тие дури присуствувале на сите турнири.

За време на полициската акција во Шпанија запленети биле 167.000 евра, една пушка, повеќе од 50 електронски уреди, кредитни картички, пет луксузни автомобили, а притоа блокирани се и околу 40 банкарски сметки.

Related posts

МНР: Поради најавен протест да се избегнуваат делови од Париз

Filip

Путин до Трамп: Русија подготвена за дијалог со САД за широк спектар теми

Filip

Убиени најмалку четири, а ранети 12 лица во терористичкиот напад во Стразбург

Igor