February 25, 2021 16:45
Свет

Уапсени соработници на Навални, за утре се најавени протести

Руските власти уапсија блиски соработници на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој е уапсен на аеродромот Шереметјево во Москва по неговото пристигнување од Германија, каде се лекуваше по обидот за труење.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш беше приведена во текот на ноќта откако повика на протести, напиша на Твитер, додавајќи дека ќе остане во притвор девет дена. Уапсени се и координаторите на приврзаниците на Навални во Владивосток, Краснодар и Калининград.

Во околу 70 руски градови за утре се најавени протести поради притворањето на Навални и државната репресија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги предупреди граѓаните да не учествуваат на тие илегални собири.

На Навални му е изречена мерка притвор од 30 дена. Руското судство го товари за прекршување на условната казна со неговото заминување во Германија поради лекување.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го повика денеска рускиот претседател Владимир Путин да го ослободи Навални и да се спроведе транспарентна истрага во врска со обидот за негово убиство.

Watch DARLING in the FRANXX Episode 17 (https://kissanimeonline.com/m/KeEK/ep-17) at website https://kissanimeonline.com kissanime site closed

Watch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 21 (https://animeflix.nl/m/yJBp/ep-21) at website https://animeflix.nl my hero academia heroes rising animeflix