December 15, 2019 04:35
Балкан

Уапсени најмалку шест лица во акција на грчката полиција во атинската нacелба Ексархија

– Најмалку шест лица се уапсени во атинската населба Ексархија што важи за собиралиште на анархисти, во акција на полицијата за спречување инциденти во рамки на одбележувањето на годишнината од студентскиот бунт и падот на хунтата, јави дописничката на МИА од Атина.

Уапсената група лица била на тераса на зграда, а кај нив биле пронајдени, меѓу другото, и молотови коктели, гас маски, камења и сл.

Во изминатите години, одбележувањето на 17 ноември завршуваше секогаш со инциденти токму во Ексархија, а непознати лица ја напаѓаа полицијата со молотови коктели од зградите во населбата.

Во центарот на Атина во тек е протестниот марш од Политехничкиот факултет, од каде што започна бунтот во 1973, до амбасадата на САД.

Центарот на грчката престолнина е под силно полициско обезбедување, а само пред американската амбасада има 18 полициски автобуси.

Како што јавува дописничката на МИА од терен, за сега ситуацијата е мирна, а протестниот марш се одвива масовно и без проблем.

Нови вести

Кучан: Ноќта кога почна војната го барав Туѓман, ми рече„мислите дека Хрватска ќе влезе во војна поради Словенија?

Igor

ЕУ најави донаторски собир за обнова на Албанија по земјотресот

Igor

Се апсат градежници виновни за жртвите во земјотресот во Драч, осомничен и полицаец

Igor