September 22, 2019 16:51
Спорт

Уапсени две лица поради перење пари при трансфер на Митровиќ во Њукасл

Во Лондон, Монако и Белгија поради сомнежи за перење пари при трансферот на српскиот фудбалски интеранционалец Александар Митровиќ во Њукасл, полицијата привела две лица. Митровиќ премина од Андерлехт во Њукасл во 2015 година за отштета од 18,5 милиони евра.

Обвинителите потврдија дека во акцијата се уапсени менаџерот и неговиот асистент, но не ги обелодени нивните имиња. Како што пренесуваат британските медиуми, оваа година веќе беа претресувани просториите на Андерлехт и Белгискиот фудбалски сојуз.

Неофицијално во медиумите се пишува дека е упасен Кристоф Енроте, менаџерот на прославените белгиски репрезентативци Тибо Куротоа, Јаник Караска. Енроте е упасен во Монако, а неговата десна рака Кристоф Шени е приведен во Лиеж.

 

Нови вести

Фетел победник во Сингапур

Filip

Лазаров не сака функцинерска туку тренерска обврска

Igor

На Русија и се заканува дисквалификација од ОИ во 2020

Igor